АИ: Турција е преоптоварена со бројот на сириските бегалци

Од:

Државните бегалски кампови во Турција работат со полн капацитет, а повеќе од милион сириски бегалци, кои побарале засолниште во оваа земја, сами се грижат за себе си, соопшти денеска организацијата Амнести интернешнал (АИ).

Според оваа органицазија, Турција, која прифатила половина од 3,2 милиони сириски бегалци, го преземала најтешкиот товар од најголемата бегалска криза во поновата историја.

– За три дена во септември оваа година, Турција прифати околу 130.000 бегалци од Сирија, повеќе отколку цела ЕУ во последните три години, се наведува во извештајот.

Се проценува дека 1,6 милиони сириски бегалци влегле во Турција од почетокот на војната во Сирија во март 2011 година. Околу 220.000 од нив живеат во 22 државни кампа, во кои добиваат храна и основни услуги. Речиси 1,4 милиони бегалци живеат надвор од камповите, главно во заедници долж турско-сириската граница. Се претпоставува дека во Истанбул се наоѓаат околу 330.000 Сиријци.

 

Би можело да ве интересира

Автобуска несреќа во Турција, повредени се повеќе од 30 луѓе

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Се урна зграда во Турција, има луѓе заробени во урнатините

А1он

Бројот на жртви во пожарот во хотелот во Турција се искачи на 76, уапсени се девет лица

А1он

(ВИДЕО) Страотна трагедија во Турција: 66 мртви во пожарот во кој изгоре хотел

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Голем пожар во хотел во Турција, десетмина мртви

Катерина Ѓуровски

Ердоган: Турците, Курдите, Арапите и Персијците нема да наседнат на игрите на империјалистите „раздели па владеј“

Предраг Петровиќ