Аеродромот во Приштина поскап од оние во Франкфурт, Виена и Париз

Од:

Угостителските објекти на аеродромот „Адем Јашари“ во Приштина астрономски ги зголемија цените, па така едно кафе чини две евра, а хамбургер шест евра. Овие цени ги надминуваат и цените на аеродромите во Виена, Франкфурт и Париз, наведува весникот „Зери“.

– Цените во рестраните во аеродромот видно се зголемени по неговото земењето под концесија на 20 години од страна на турската компанија „Лимак“, констатира весникот.

Како што јави дописникот на МИА, весникот наведува дека овие астрономски цени се во спротивност со условите и стандардите на аеродромот во Приштина.

Поради тоа реагирала и Организацијата за заштита на потрошувачите „Консуматори“

Првиот човек на „Консуматори“, Селатин Качанику вели дека менаџерите на аеродромот „Адем Јашари“ сметаат дека менаџираат европски аеродром, каде секоја услуга е поскапа.

За жал, според него и овде се гледа како се почитува Законот за заштита на потрошувачите, наспроти фактот дека потрошувачот е даночен обврзник и главен генератор на буџетот на Косово, од каде се финансира и целиот државен апарат.

– Надлежните се правдаат дека цените ги диктира пазарот. На секој меѓународен аеродром цените се повисоки од оние на пазарот, додека приштинскиот аеродром направи „сензација“ зголемувајќи ги цените за 300 отсто и повеќе. Додека во Приштина хамбурегорот се продава по цена од 1,5 евра, на аеродромот цената е шест евра, костатира весникот.

Би можело да ве интересира

Обвинителството во Приштина поднесе обвинение против тројца Срби

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Пукотница во Приштина: Убиен е маж, жена е тешко ранета

Ескобар: Загрижен сум за пораките од Приштина

Ховениер: Приштина треба да започне со формирање на ЗСО, ќе има последици ако тоа не го направи

Гренел: Курти ќе ги трпи последиците од едностраните акции

Горан Наумовски