Аеродромите во Грција спроведоа превентивни контроли за коронависрусот

Од:

Здравствените власти на земјата се во целосна оперативна подготвеност за да се спречат и, доколку е потребно, да се справат со можни појави на коронавирусот, рече заменикот министер под премиерот и портпарол на грчката Влада, Стелиос Пецас во однос на мерките што Грција ги презема за заштита од коронавирусот.

Тој додаде дека покрај превентивните контроли на влезните точки во земјата, „со одлука на министерот за здравство, веќе се одредени, на целата територија, препорачани болници за коронавирусот, јави дописничката на МИА од Атина.

Одговарајќи на новинарско прашање дали ќе се спроведуваат контроли и на бегалските и мигрантските бранови на грчките острови, Пецас рече дека тоа е сложено прашање, а тие како Влада прават сè што можат за да се ограничи прилвот на луѓе, без разлика дали евентуално се носители на вирусот или не.

Се преземаат сите неопходни мерки. Ако ме прашувате за прашања поврзани со мигрантските – бегалските бранови, во тој дел прашањето е многу покомплицирано, како што сите можат да разберат. Ние правиме сè што можеме и сè што е во наши раце, на легалните влезни места да го контролираме евентуалното влегување на лица носители на вирусот.

А во останатите делови да се ограничи секаков прилив на луѓе, а не само оние кои се носители на некој вирус, објасни портпаролот на грчката влада.

Би можело да ве интересира

Несреќа во Солун: Експлодира бомба, настрада 38-годишна жена од Грузија

Затворска казна до три месеци или парична казна од 300 евра за паркирање приколки или кампери на јавни простори во Грција

А1он

Штрајкуваат вработените во јавниот превоз во Грција

Грците уапсија шпион кој преку шифрирана апликација испраќал тајни материјали

Силен земјотрес го погоди Крит

Катерина Ѓуровски

Муцунски: Проширувањето на ЕУ е неопходно за политичка и безбедносна стабилност на европскиот континент