Абдула Ѓул се сретна со Андонис Самарас

Од:

Турскиот претседател Абдула Ѓул денеска се сретна со грчкиот премиер Андонис Самарас, пренесе агенцијата Анадолија.

За време на разговорите Ѓул изјавил дека инвестициите на Грција во Турција во последните десет години достигнале 6,6 милијарди долари.

Во писмена изјава, лиферувана по средбата, што се оддржала зад затворени врати, турскиот шеф на државата посочува дека економските и трговските односи меѓу Турција и Грција се развиваат добро, а стоковната размена меѓу двете земји во 2012 година достигнала речиси пет милијарди долари.

Ѓул уште изјавил дека бројот на турски компании што инвестираат во Грција, исто така, значително се зголемил, особено во сферата на банкарскиот сектор и морепловството и додал дека се разгледуваат нови можности за соработка во областа на енергетиката и туризмиот.

Би можело да ве интересира

Според Индексот на човечки развој Југоисточниот регион на земјава најнеразвиен во цела Европа

Граѓаните на Македонија јадат најмногу благо во регионот

(ВИДЕО) Им сечеле глави на кучиња и ги замрзнувале: Страшни снимки од прифатилиште за животни во Србија

А1он

(ВИДЕО) Хорор од Белград го шокираше светот: Уапсен татко кој брутално ја претепа својата ќерка тенисерка на тренинг

А1он

Курти за „Ла Република“: Постои опасност од нова војна меѓу Косово и Србија

А1он

Мицотакис за прислушувањето на Андрулакис: Погрешно беше, не требаше да се случи

А1он