A1 во Нови Сад: Петроварадин подготвен за EXIT

Од:

Војводинската престолнина и вториот по големина град во Србија, Нови Сад на една недела пред EXIT буквално пулсира во ритам на фестивалот. Организацијата ги привршува своите последни подготовики, се поставуваат буините, контролните пунктови, за фестивалот што ќе се одржи од 12 до 15 јули.

Посетителите веќе го напднаа градот под „Петроварадин“. Слободни места во хотелите и хостелите речиси и да нема. А цените за сместување се речиси двојно поскапени.

Во текот на четирите дена на фестивалот EXIT, посетителите ќе уживаат на рок, реге, хардкор, метал, панк, електро, музиката и но и во живпоисната тврдина од која се шири поглед на Нови Сад.
Фестивалот кој секоја година привлекува 150 илјади посетители, е создаден 2000-тата година како протест против режимот на Милошевиќ. Она со што најмногу се гордеат неговите организатори е фактот дека иако најголемите музички ѕвезди секоја година музицираат на тврдината, Фестивалот никогаш не прерасна во потполно комерцијален настан и сеуште се темели на почетните идеи и уверувања на организаторите.

Оваа година EXIT ќе ги дочека светските музички великани како”Duran Duran”, “Skindred”, Plan B, “The Toy Dolls”, “Guns N’ Roses” i “New Order”, па потоа Ерика Баду, Госпи, Партибрејкерс.
И како фестивалот да не е доволна причина, Нови Сад и Петроварадинската тврдина сами по себе привлекува летните денови да се поминат токму тука.

На карпестиот гребен, над водите на Дунав, во прегратките на Фрушка гора, е сместена тврдината која е домаќин на најголемото балканско музичко случување.

Според една легенда, името Петроварадин е изведено од повеќе зборови – “Петра” што значи камен во латинскиот јазик, “var” на унгарскиот град, и “DIN” на турски – вера. Од овие зборови изведен е зборот Петроварадин, што во буквален превод би значело градот на карпа цврст како вера.

Последните археолошки студии покажуваат дека овој локалитет потекнува од пред повеќе од 200 илјади години. 1692 година Австроунгарската влатс започнува изградбата на новата тврдина, она што денеска е познато како Петроварадинската тврдина.

Изградбата на тврдината траела 88 години и таа до денеска е една од најголемите. Нејзината посебност е што високите и стрмни зидини овозможуаваат потполна неприодност до неа, доколку не се отворат подвижните мостови и контролни порти. Тврдината има четири ката под земја и 16 километри подземни ходници.

Во средината на 20 век тврдината е комплетно демилитаризирана и прогласена за историски и културен споменик. Ставен под заштита на државата и даден на цивилна употреба. На тврдината се лоцирани музејот и архивот на Нови Сад, хотели и ресторани, студиа и галерии на уметниците, академии на уметноста, астрономска опсерваторија, планетариум и многу други објекти.

Саат кулата е карактеристична знак на Петроварадинската тврдина и Нови Сад. Кружните часовници се поставени на сите четири страни на барокната кула која е повисока од два метри. Броевите се напишани со римски броеви, како што проповедала римо-католичката црква. Но единственоста на часовникот е во тоа што голема стрелка покажува часови, а малата минути. Ова наводно било направено така за да можат дури и бродовите кои пловат по Дунав да можат да го видат времето. Часовникот е сеуште во функција, но поради ова го има заработено прекарот „Пијаниот часовник“.

Покрај врвните музички случувања посетителите на EXIT токму од неговиот дом тврдината Петроварадин, можат да уживаат и во погледот кој пред себе прегледно им го отвора градот. На видот му се „нудат на тацна“ зелени пространства на паркови, лавиринти на улуци и сокачиња, правилно исечени со булевари. И се разбира Дунав и до него Штранда најубавата градска речна плажа.
Иако ноќите се главното време на сите случувања за време на EXIT, во текот на четирите фестивалски денови секој посетител одвојува барем неколку часа за да го види центарот на Нови Сад. Оваа комплексна целина е типична мешавина на судирот меѓу Австро-Унагарците и Османлиите, вистинска раскрсница на културите.

Срцето на стариот дел на град е една од најголемите туристички атракции во Нови Сад. На пешачката зона на Змај Јовановиќ која од едната страна ја граничи „Плошатадот на Слободата“ а од другата Бачката епархија.Плоштадот Слобода е најзначајната сцена за културните или политички случувања. Главното собиралиште и место за состанување, како и променада каде честа е глетката на случајни минувачи кои хранат гулаби. На плоштадот од двете страни доминираат две згради, соочени една кон друга.Градското собрание изградено во 1895 година (точна копија на Градското собрание во Грац) и Катедралата на Света Марија, која е изградена во 1895 година во нео-готски стил.

Плоштадот е заокружен со зградата на “оловжниот војник” од 1909 (наречена така по скулптура на оклопнжот војник , качен на врвот на зградата), Зградата на Банката на Војводина и долгата дво катна зграда на хотелот Војводина од 1746 (најстариот хотел во градот). Во централниот дел доминира споменикот на Светозар Милетиќ. Градоначалник на Нови Сади еден од најголемите борци за политичките права на Србите во 19-тиот век.

Од таму, на пешачката зона понатаму се протега улицата на Јован Јовановиќ змај, главното шеталиште и трговскиот центар на градот. На улица се наредени со бројни отворени тераси на кафулиња и пекари, омилен кај оние кои сакаат отржстрана да го набљудуваат раздвиженоста на Нови Сад. Улицата финишира со споменик на Јован Јовановиќ Змај , српски лекар и поет. Неговиот прекар го има добиено по тоа што тој е автор на првата разгледница испратена во светот. Ја испратил од Виена во 1870 година, а на нејзината предна страна доминира змејот. Оваа пешака зона финишира со градбата позната како Палатата на бискупот, во која сега е сместена Бачката епархијата на Српската православна црква (изградена во 1901 година), а зад себе ја сокрива Соборната црква.

На аголот на Змај Јовановата улица и Дунавска е локацијата на најстарата сочувани куќа во Нови Сад од 1720.Дунавската улица исто така е преполна со продавници и кафулиња, и води кон парк на Дунав . Карактеристика на овие стари улици се многубројни споредни ходници и дворови кои кријат многу ресторани, кафулиња и бутици. Нурнете во нив и уживајте.

Христена Антовска Јованчева

 

Би можело да ве интересира

Маж падна од ѕидините на Петроварадинската тврдина

(ВИДЕО) Македонскиот бенд BDM годинава ќе настапи на EXIT

Последното одбројување започна: EXIT стартува за 10 дена

Егзит се откажува

Ана Ололовска

„Егзит“ во август, со најмалку 20 бини и зона ширум тврдината

Ана Ололовска

Фестивалот Егзит ќе се одржи во август

Ана Ололовска