44 проценти од Бугарите со услов за поддршката на Македонија во ЕУ

Од:

Бугарија да ја поддржи кандидатурата на Македонија за ЕУ, само ако Македонија ja прекине антибугарската пропаганда. Вака одговориле 44% од Бугарите според податоците од националната репрезентативна студија на НЦИОМ, спроведена меѓу 30 ноември и 6 декември 2012 година.

Според бугарските медиуми, испитувањето на јавното мислење покажало дека за ваква позиција почесто се залагаат луѓето на возраст меѓу 30 и 39 години, испитаниците со средно и повисоко образование, луѓето со среден и повисок животен стандард и кои што живеат во градовите. Не се забележува политизација на мислењата, односно кој со колку еднакви удели од симпатизерите на бугарските политички партии ја поддржуваат оваа позиција.

18% од испитаниците се на мислење дека Бугарија воопшто не мора да ја поддржува кандидатурата на Македонија за ЕУ. Почесто вака размислуваат симпатизерите на националистичките партии – Напад и НФСБ.
Само 8% сметаат дека Бугарија треба безусловно да ја поддржи кандидатурата на Македонија за членство во ЕУ.

31% од учесниците во истражувањето не сакаат да го дадат своето мислење. Почесто тоа се жените, млади луѓе помеѓу 18 и 29 години, ниско образованите и сиромашните луѓе, жителите на селата и Ромите, пренесуваат бугарските медиуми.

Би можело да ве интересира

ЕУ им нуди на Украинците сопствен договор, постои клучна разлика од тој на Трамп

ЕУ усвои нов пакет-санкции против Русија

Калас: Одржувањето претседателски избори за време на војна не е опција за Украина

Koшта: ЕУ мора да биде вклучена во преговорите со Русија за завршување на војната во Украина

Ројтерс: ЕУ ќе му каже на Израел дека го поддржува враќањето на Палестинците во Појасот Газа

Трамп ги вклучи сите аларми во Европа: Макрон повика на итен состанок на лидерите на ЕУ во Париз