351 нов случај на Ковид-19 во Србија, 11 луѓе починале во изминатиот ден

Од:

Во изминатите 24 часа во Србија починале 11 луѓе од последици на коронавирусот, додека регистриран е 351 нов случај, соопштија здравствените власти.

Вкупниот број на починати од Ковид-19 во земјата од почетокот на пандемијата достигна 429. Досега се регистрирани 19.334 заболени. Хоспитализирани се 234 пациенти, а 169 се на респиратор.

Поради растот на бројот на заболени, носењето маски ќе биде задолжително на отворено на територијата на цела Србија во околности во кои не е можно да се држи дистанца од еден и пол метар, одлучи денеска Кризниот штаб. Забранети се и собири на повеќе од 10 лица, без разлика дали е на отворено или во затворен простор.

Би можело да ве интересира

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада

Земјотрес во Србија

Почина работникот кој беше тешко повреден во експлозија во Лештани

Двајца работници се повредени во пожар во фабрика во Лештани