25 Години од потпишувањето на Дејтонскиот договор

Од:

Пред 25 години во Париз на денешен ден беше потпишан Општиот рамковен договор за мир во БиХ, попознат како Дејтонски договор, со што беше ставен крај на војната во Босна и Херцеговина.

Договорот, кој беше постигнат на 21 ноември 1995 година, на 14 декември го потпишаа поранешните претседатели на Србија, Хрватска и Босна и Херцеговина, Слободан Милошевиќ, Фрањо Туѓман и Алија Изетбеговиќ, во присуство на тогашниот државен секретар на САД Ворен Кристофер.

Со договорот босанската држава беше зачувана, но поделена на два „ентитета“: „Федерација Босна и Херцеговина“ со мнозинско хрватско и муслиманско население и „Република Српска“, претежно населена со Срби. Дополнително постоеше и „специјална административна област“ во градот Брчко на истокот на земјата.

За да се избегнат можни тензии и конфликти трите „конститутивни народи“ – Бошњаци, Хрвати и Срби добија право на вето за заштита на своите „витални национални интереси“. Тоа значи дека нивните членови во Претседателството и во босанскиот Парламент може да го блокираат секое решение доколку сметаат дека нивната етничка група е загрозена.

Потписниците се обврзаа меѓусебните односи да ги регулираат според Повелба на ОН, Завршниот хелсиншки акт и други документи на ОБСЕ, како и на меѓународно почитување на суверенитетот и решавање на недоразбирања на мирољубив начин.

Договорот има 11 анекси кои се однесуваат на воени, политички и цивилни аспекти на мировниот договор, како и регионалната стабилизација.

Анексот четири од Договор сè уште е Устав на БиХ.

Би можело да ве интересира

Шмит: Не сум приврзаник за Дејтон два

Ескобар: Дејтонскиот договор е патоказ кон европската интеграција на БиХ

Ана Ололовска

Дејтонски договор 26 години подоцна , БиХ е во најголемата криза по 1995 година

Катерина Ѓуровски

Инцко: Дејтонскиот договор не предвидува мирно раздвојување во БиХ

Ана Ололовска

Бајден: Дејтонскиот договор донесе мир, но работата не е целосно завршена

Жарко Настоски

Инцко: Дејтон се политизира, пораките на негирање доаѓаат од Република Српска

Ана Ололовска