17 години од геноцидот во Сребреница

Од:

Илјадници луѓе пристигнуваат во Сребреница од раните утрински часови за да учествуваат на комеморацијата посветена на жртвите на геноцидот врз Бошњаците од 1995 година, извршен од единици на босанските Срби под команда на генералот Ратко Младиќ.

Десетици автобуси и стотици приватни автомобили ги преплавија патиштата кои водат кон Сребреница а организаторите на комеморацијата очекуваат и покрај многу високите температури во текот на денот во местото да се соберат повеќе од четириесет илјади луѓе.

Комеморацијата годинава ќе има исклучиво верски карактер и нема да има говори на политичарите, освен на градоначалникот на општината Ќамил Дураковиќ.

По комеморацијата и верскиот обред што ќе го предводи поглаварот на исламската заедница во Босна и Херцеговина, Мустафа Цериќ, ќе бидат закопани останките на 520 идентификувани жртви на масакрот меѓу кои и шест деца коишто во времето кога биел убиени имале помалку од 15 години.

Би можело да ве интересира

Петмина Украинци уапсени за киднапирање на сириски државјанин во Сараево

Во БиХ е пронајдено девојче од Германија, жртва на трговија со луѓе

Земјотрес во БиХ, епицентарот во околината на Мостар: „Добро се стресе!“

Извлечени тела на жена и дете од коритото на Миљацка во Сараево

Горан Наумовски

Брисел и даде „зелено светло“ на БиХ за отворање на преговорите за пристапување во ЕУ

Горан Наумовски

По Црна Гора, земјотресот ја погоди и Босна и Херцеговина