13 повредени во судар на автобус и автомобил во близина на Ниш

Од:

13 лица се повредени во сударот на патнички автобус и автомобил „голф“, што утринава се случил кај српскиот град Сврлиг, во близина на Ниш.

Автобусот излетал од патот и се превртел, соопшти портпаролката на полициската управа во Ниш.

Нема опасност за животот на ниту еден од повредените патници.

Десет повредени патници се примени во Клиничкиот центар во Ниш, а тројца во Здравствениот центар во Сврлиг.

Полицијата врши увид на местото на несреќата.

Би можело да ве интересира

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Судар меѓу воз и автобус, многу повредени

Предраг Петровиќ

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада

Земјотрес во Србија

Му откажале кочниците на „мерцедес“ и удрил во објект на Царинската управа