Вкупно 11.680 нови случаи на заразени со коронавирус се регистрирани во последното деноноќие во Словенија, што е речиси исто како и претходниот ден, бидејќи биле направени 4.030 ПЦР и 115.994 брзи тестови.
Во последните 24 часа починале 25 пациенти.
Според проценките на Националниот институт за јавно здравје, моментално во земјата има 197.374 активни инфекции.