Лажна вест: Со стара фотографија се тврди дека Лукаревска иако е заразена со Ковид-19, одела на фризер

Од:

На „Твитер“ е објавена стара фотографија од директорката на УЈП, Сања Лукаревска, која е заразена со коронавирусот. Со неа, објавувачот тврди дека таа не го почитува решението за изолација и оди на фризер.

Твитот беше повод повеќе портали, меѓу кои „Вечер.мк“, „Курир.мк“, „Весник.ком“, „Експрес.мк“ да објават лажна вест. Освен „Експрес.мк“, останатите имаа објавено иста содржина и наслов.

Лукаревска се изјасни дека станува збор за дезинформации, лаги и конструкции кои се објавуваат од лица сокриени позади лажни профили.

„Не е вистина дека сум го напуштила својот дом додека сум во изолација за да одам во фризерски салон. Фотографиите коишто ги шират како “поткрепа” на оваа лага, се од 31 август 2019 година. Јавноста треба да знае дека согласно протоколите, постојано сум под полициски надзор, како лице во изолација“, објави Лукаревска.

Лажна вест: Со стара фотографија се тврди дека Лукаревска иако е заразена со Ковид-19, одела на фризер

Лажна вест: Со стара фотографија се тврди дека Лукаревска иако е заразена со Ковид-19, одела на фризер

Posted by A1on.mk on Четврток, 04 јуни 2020

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Лукаревска: СДСМ предлага 934 милиони денари поддршка за семејствата на загинатите и повредените во Кочани

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Лукаревска: Со ребалансот власта крати пари од граѓаните за таа да се луксузира

УЈП: Мобилната апликација „МојДДВ“ во моментов работи со прекини

Петрова: Дискотеката „Пулс“ ја платила глобата за неправилности во готовинските плаќања, запечатен бил кафе-барот на истиот сопственик

УЈП ги „потсетува“ трговците: Издавајте фискална сметка за секоја наплатена стока или услуга

Стратешка реформа за фискална стабилност и економски развој-нов закон за ангажирање