Здрава алтернатива на типична италијанска брускета. Заменете го лебот со парчиња зукини и сè друго останува исто! Лесно, брзо и здраво!
Состојки:
Зукини тиквички
Домати исецкани на кругови
Лебни трошки
Свеж босилек
Маслиново масло
Подготовка:
Загрејте ја рерната.
Исечете ги зукини тиквичките на кругови и ставете ги во сад за печење. Наредете ги исецканите домати врз тиквичките. Напрскајте со лебни трошки, потоа попрскајте со маслиново масло.Се пече околу 15 минути додека лебните трошки не станат крцкави.
Декорирајте со свеж босилек и сервирајте.