По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Од:

Конекцијата меѓу Мој Термин и фондот за здравство била во прекин и затоа настанал проблем во реализација на рецептите што ги пропишуваат матичните лекари информираат од ФЗОРСМ.

„Во врска со проблемот што се јави со неможноста да се реализираат рецептите во аптеките, Ве известуваме дека е направена анализа на проблемот и утврдено е дека почнувајќи од вчера , во доцните попладневни часови, до денес во раните утрински часови, податочната комуникација која оди од Мој Термин кон ФЗОРСМ, била прекината и со тоа била оневозможена валидацијата за пропишување рецепти и реализацијата на лекови Комуникацијата е повторно воспоставена и матичните лекари непречено можат да пропишуваат лекови што осигурениците без проблеми ќе можат да ги реализираат во аптеките“ се вели во сооптението од Фондот за здравство.

Би можело да ве интересира

Андоновски: Неделава ќе ја почнеме иницијативата за законските измени на ФЗОР случајот со Леонид не е единствен

Случајот со Леонид ги откри сите слабости на Фондот: Се кратат пари за лекување и за операции на срце во приватните клиники

Орце Костов

Се прекинува штрајкот во ФЗОМ – платите исти до мај

Да не се лаже дека Фондот за здравство нема пари, тоа е институција со најголем буџет порачуваат синдикалците

Катерина Ѓуровски

Меџити: ФЗОМ побара 2,9 милијарди денари за нови лекови на позитивна листа за следната година

Чолакова Дервишова: „Мој Термин“ пак не работи, илјадници пациенти не можат да добијат хронична терапија

Орце Костов