Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Од:

За сите љубители на кинеската кујна …

Потребно е:
половина главица зелка, исечкана на ленти
1 главица кромид, исечкан на полумесечинки
2 парчиња морков, изрендани
1 мала главица брокула, расцветана
1 мало парче ѓумбир, излупено и изрендано
1 парче пилешки гради, исечкано на долгнавести парчиња
300 г нудли (кинески тестенини), сварени
1 лажица масло од сусам
1 лажица соја сос
1 лажица ворчестер сос
2 лажици кечап
1 лажица шеќер

Подготовка:
– Во тавче за пржење ставете малку масло да се загрее. На загреаното масло ставете го ѓумбирот да се пропржи многу кратко, 30 секунди.

– Потоа, ставете го пилешкото и пржете го околу 5-8 минути.

– За тоа време сварете ги нудлите.

– Потоа, додадете ги зелката, морковот, брокулата, ставете малку вода и динстајте додека да омекнат сите зеленчуци. Повремено мешајте.

– Кога зеленчукот ќе биде мек, додадете ги нудлите и соја сосот, маслото од сусам, ворчестер сосот и зачинете со бибер и шеќер.

– Измешајте убаво и оставете малку да се спојат сите состојки.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска

Превкусен куглов со костени

Ана Ололовска