Зошто Саудиска Арабија не сака туристи?

Од:

Саудиска Арабија ги отвара своите врати за пет милиони аџии годишно, но и натаму го „држи“ мошне љубезно, но одлучно знакот „не вознемирувај“, кога се во прашање  странските туристи.

Сите оние кои сакаат да посетат некои од многубројните знаменитости на земјата можат тоа да го сторат или за време на службено патување во оваа земја или при посета на член на семејството, бидејќи не постои туристичка виза.

– Имаме толку многу да му понудиме на светот. Можеби кога ја гледате Саудиска Арабија однадвор таа не ви изгледа привлечно. Меѓутоа кога еднаш ќе го минете нашиот праг, ќе се вљубите во оваа земја и во луѓето. Кога повеќе луѓе би можеле да не посетуваат, значително подобро ќе ја разберат нашата земја и традицијата, смета Абдулазиз, еден од водичите, кои работат во Саудиска Арабија.

Работите се одвиваат споро во оваа земја. Саудиска Арабија ја претстави комисијата за туризам во 2000 година. Девет години подоцна најавено е дека Саудиска Арабија на туристите ќе им понуди визи во „блиска иднина“. Меѓутоа со заработувачка од 288 милијарди долари од трговијата со нафта, по се изгледа никој не е премногу очаен за странска валута.

Исто така постојат и бројни работи, кои треба да се земат предвид пред вратите целосно да се отворат за туристите: На пример што ќе кажат религиозните конзервативци во земјата на приливот на неверници? Дали жените ќе носат облека, која е задолжитела за припадничките на понежниот пол во Саудиска Арабија? Дали жените туристи ќе можат сами да возат автомобил, со оглед на тоа дека на Саудијките тоа не им е дозволено?

Саудиска Арабија можеби вратата и натаму ја држи затворена, но троши стотици милиони долари на одржување на културните скапоцености, кои се наменети за друг вид на туристи – локалните. 

МИА

Би можело да ве интересира

Прогласени најдобрите дестинации во светот за ноќен живот

Предраг Петровиќ

„Руси доaѓајте, сметаме на вас“

Предраг Петровиќ

Туристичките капацитети за празниците исполнети до 80 отсто

Горан Наумовски

Јаневски поднесе оставка од функцијата директор на Агенцијата за туризам

Катерина Ѓуровски

Во земјава нема доволно кустоси, странски водичи раскажуваат поинаква историја за нашите локалитети

Катерина Ѓуровски

Продолжениот Велигденски викенд повеќе од половина ќе ги исполни сместувачките капацитети на охридското крајбрежје

Ана Ололовска