Зое Салдана не е доволна „црна“ за да ја глуми Нина Симон

Од:

За тоа дека социјалните мрежи веќе подолго време се вистински „репер“ за размислувањата и ставовите на пошироката јавност покажува и последниот случај со актерката Зое Салдана.

Како што пренесува престижниот „Њујорк тајмс“, продуцентите на филмот во кој треба да се олицетвори ликот и делото на една од најпознатите џез пеачки на сите времиња Нина Симон, сериозно размислуваат да ја повлечат Зое Салдана од улогата а црномурестата пеачка, бидејќи јавноста смета дека таа не е доволно црна да ја глуми џез легендата.

Повеќе од три илјади луѓе ја потпишале он-лине петицијата, со која се бара од продуцентите да ја доделат улогата на актерка со потемна боја на кожата, со што повеќе би сличела на Симон.

Случајот Зое Салдана, го прокоментирала и ќерката на џез ѕвездата, Симон Кели, која изјавила дека нема ништо против актерските способности на Салдана, но дека сепак дека и таа повеќе би сакала нејзината покојна мајка да ја глуми актерка со потемна боја на кожата, како Виолет Давис или Кимбери Елис. Таа открила како сепак најголема желба на мајка и била да ја глуми Вупи Гулберг.

Би можело да ве интересира

Македонски филмови во мајската програма на Кинотека со фокус на творештвото на Столе Попов

Предраг Петровиќ

Venom 3 доби официјално име и датум на излегување

Предраг Петровиќ

Се снима краткиот игран филм „И покрај сè“

Филмот „Dune: The Second Part“ заработи над 200 милиони долари за само три дена

Уапсен маж осомничен за неовластена дистрибуција на филмот „Недела“

Бен Афлек го откри најлошиот филм во кариерата