Знаменитости кои не биле отсекогаш популарни

Од:

Ајфеловата кула, споменикот на Џорџ Вашингтон, Куќата која игра во Прага се само дел од знаменитостите, кои не биле отсекогаш популарни.

Ајфеловата кула, Париз

Ајфеловата кула денеска е гордоста на Париз и неговите жители, но тоа не било така отсекогаш Кога работата на кулата била започната, група важни уметници напишале писмо до властите на градот нарекувајќи ја „бескорисн и монструозна“. Тие се плашеле дека кулата ќе ги фрли во сенка другите знаменитости на Париз. Меѓу овие уметници се наоѓаше и писателот Гај де Мопасант. Тој наводно сакал да јаде во ресторан во подножјето на кулата затоа што било единствено место од каде не се гледала кулата.

Споменикот на Џорџ Вашингтон, Вашингтон

Споменикот е изграден за да му се оддаде почит на првиот претседател на САД, Џорџ Вашингтон. Оригиналните планови се промениле со финанските проблеми. Многумина претпоставувале дека самиот обелиск нема да биде доволно грандиозен, а дури и неговиот архитект Роберт Милс мислел дека новата верзија на споменикот потсетува на аспарагус.

Куќата која игра, Прага

Една од најлудите згради во Прага исто така е позната и како „Фред и Џинџер“, затоа што потсетува на луѓе кои играат. Кога била изградена во 1990 година предизвика бран на негодување, заради тоа што драстично отскокнувала од зградите со богата историја, кои биле сместени во нејзина близина. Еден од тогашните критичари изјави дека зградата изгледа како „свиткана конзерва на Кока-кола“.

Милениумската кула, Лондон

Тони Блер бил голем оптимист кога изјавил дека Милениумската кула ќе претставува „триумф на самодоверба над цинизмот, храброста наспроти индиферентоста и умешноста над медиокритетот“. Меѓутоа јавноста била разочарана од скапата зграда. Во денешно време Милениумската кула е трансформирана во забавен центар О2 – икона на Лондон.

Музејот Гунгенхајм, Њујорк

Модернистичкиот дизајн на Френк Лојд Рајт се најде на удар на критики кога музејот прв пат беше претставен. Критичарите го споредија со веце школка и свртена машина за перење. Денес музејот се смета за еден од најважните згради на 20 век.

Стаклена пирамида пред музејот Лувр, Париз

Францускиот претседател Франсоа Митеран го ангажирал архитектот И.М. Пеиа да направи нов влез во музејот Лувр. Крајниот резултат – стаклената пирамида предизвика многу контраверзии затоа што многумина верувале дека модернистичката пирамида не е во склоп со зградата која има корени во 12-от век. Денес пирамидата е една од знаменитостите на Париз.

Саграда Фамилија, Барселона

Се уште недовршена речиси 90 години по смртта на нејзиниот креатор Гаудиевата ексцентрична градба не беше миленик на жителите на Барселона. Пикасо изјавил: „Испратете го Гауди во неговата зграда во пеколот“ додека Џорџ Орвел ја нарече „една од најужасните згради во светот“. Денес повеќе од два милиони лица ја посетуваат оваа градба.

Би можело да ве интересира

Ќе бидам со по еден маж од секоја држава-необична цел на 27 годишна девојка

Предраг Петровиќ

Листа на најевтини и најскапи патувања за 2023 година: Сместување само 17 евра

Предраг Петровиќ

Хрватски остров меѓу 10-те најубави во Европа ФОТО

Предраг Петровиќ

Туркменистан, најверојатно, ја затвора „Портата на пеколот“

Ана Ололовска

Истражување: Турција има најевтини кинобилети

Ана Ололовска

Палата со уникатно, скапоцено зелено опкружување во Кина

Ана Ололовска