Вкусна, крцкава традиционална пита…
Потребно е:
10 листа за пита со средна дебелина
за првиот фил:
2 белки
350 мл јогурт
200 мл масло
1 чаша (од 200 мл) брашно
1 прашок за печиво
сол
за вториот фил:
400 г сирење
2 жолчки
2 лажици кисела павлака
сол
Подготовка:
– Сите состојки за првиот фил измешајте ги во еден сад. Белките не матете ги, туку само додадете ги во филот и измешајте.
– Во друг сад ставете ги сите состојки за вториот фил и измешајте убаво.
– За еден ролат ви се потребни 5 кори.
– Ставете една кора на работната површина и премачкајте ја со филот со јогурт. Одозгора ставете ја втората кора и повторно премачкајте со филот. Истото повторете го и со останатите три кори. Само на последната кора, која исто сте ја премачкале со филот со јогурт, распоредете половина од вториот фил и завиткајте ја како ролат.
– Истата постапка повторете ја и со преостанатите пет кори и од нив завиткајте уште еден ролат.
– Двата ролати од кори ставете ги во намастена тава, одозгора премачкајте ги со малку масло и ставете ги да се печат во загреана рерна на 200 Целзиусови степени околу 30 минути.