Денешните жени поседуваат ризница од практични знаења и вештини, со кои ги совладуваат секојдневните обврски. Сепак, забораваат дека покрај знаењето и снаодливоста, редовно треба да ја конзумираат и животната мудрост на нивните баби, тетки, мајки и пријателки. Сите тие го одбележале својот животен пат како големи, мудри и силни жени.
Кои жени се големи
Големината на жената не се мери само со општествената положба, материјалните добра или некои доминантни статусни обележја. Големината на жената се крие во силата на волјата да ги надминат и надвладеат моментите кога изгледа дека ништо не е како што планирале, дека ситуацијата во приватниот живот ја надминува контролата, дека се препуштени на милост или немислост на луѓето околу себе. Во такви и слични ситуации на сцената доаѓаат самостојните жени кои знаат кои се, што се, што можат, а што не можат. Тие не живеат во илузија, туку се свесни за непредвидливото секојдневие и мудро размислуваат за сите животни ситуации. Секојдневно ги конзумираат зрната на мудорсти од жените од кои учеле и од кои сеуште учат.
Зрна на мудрости за секојдневна примена:
Кога ќе сфатат дека партнерскиот однос оди надолу, големите жени не очајуваат. Наместо меланхолија и самообвинување посегнуват по спомените. Тие се потсетуваат на личноста и ситуацијата кога се чувстувале заштитено и сакано. Чувството на отфрленост го заменуваат со чувство на припадност.
Големите жени го почитуваат знаењето на поранешните генерации жени, кои секогаш истакнувале дека мудрата жена мудро располага со финансиските средства. „Црниот фонд“ за големите жени е резервен рудник, во кој не мора да има многу. Важно е дека го имаат, народски кажано „за секој случај“.
Големите жени во нивната гардероба секогаш имаат посебно парче кое можат да го искористат како „кец на десетка“, кога непланирано се поканети на некој состанок, вечера или прослава.
Големите жени за минатато не размислуваат негативно, колку и да е мрачно и тешко. Не жалат по она што било, затоа што знаат дека тоа е позади нив, благодарни се за животното искуство кое го добиле. Не заборавајте – тоа што се случува денес, никогаш повеќе нема да се повтори, искористете го моментот и од него земете го она најдоброто, иако можеби се чини дека не ви дава речиси ништо.
За да ја доживееме староста и да уживаме во неа, треба полека и смирено да „созреваме“. Погледајте ја природата околу себе – се е полно со плодови. Убаво е да се види дозреана јаболка која е полна со боја и сокови. Сето тоа не би се случувало ако не созревала постепено. Временските (не)можности оставиле свој белег и конечно таа ја добила својата волшебна убавина и вкус, во кои уживаат сите сетила. Бидете како јаболко убави и зрели во зрелиот период на животот.
Набавете комплет на шрафцигери и безжична бушалка – денешните жени не можат да си дозволат поради сопственото незнаење и инертност да останат затечени кога ќе прегори осигурувач или кога сакаат го изменат изгледот на ентериерот.
И комплет на убава долна облека – некои жени размислуваат дека не им треба убава долна облека затоа што никаде не одат и никој не ги гледа. Заблуда – не го правете тоа заради другите, туку заради себе. Убавата долна облека и дава на секоја жена чувство на задоволство, независно од тоа дали имате прекумерна тежина или сте „исцедени“ од неспиење и големиот број обврски.
Важно е да се има пријателка/пријател, доверлива личност, на која можете да и ги отворите најскриените делови на својата душа, пред која можете да се смеете без голема причина, но и да се расплачете над животните проблеми.
Набавете “добро парче“ мебел, кое никој претходно го немал.
И комплет за јадење, кој не е „распар“, туку е дизајниран така што брзо и квалитетно можете да подготвите оброк, поради кој неочекуваниот гостин ќе се чувствува почестено.
Голема животна приказна не е онаа по која е снимен филм.
Големите жени имаат чувство дека самите да ја контролираат нивната судбина.