20-километарска колона возила во Унгарија, по зајакнатата контрола на австриската граница

Од:

На автопатот во Унгарија кон Австрија формирана е колона од возила долга 20 километри, откако Австрија ја заостри контролата на краницата поради криумчарењето на луѓе.

Покрај автопатот М1, во Унгарија е закрчена и една споредна сообраќајница која води кон границата со Австрија.

Австриската министерка за внатрешни работи Јоана Микл Лајтнер изјави за ОРФ дека Австрија ја заострила контролата на источните граници откако минатата недела во напуштен камион на автопат беа пронајдени повеќе од 70 мигранти, кои дошле преку Унгарија.

– Донесовме одлука на неопределен период време да правиме проверки на сите гранични премини во источниот регион. Ќе бидат проверувани сите возила кои би можеле да имаат место за криење луѓе.

Австрија на исток се граничи со Унгарија, Словачка, Словенија и Чешка.

Во изминатите три дена, унгарската полиција фати 8.792 мигранти, кои се обиделе да влезат во Унгарија, главно преку Србија.

Би можело да ве интересира

Грузија: Меѓу руската прегратка и евроатланските амбиции

Емир Латифовиќ

(ВИДЕО) Силна поддршка за СДСМ од партијата на Европски социјалисти

Емир Латифовиќ

Груевски не сакаше да влезе, пратениците се инаетеја

Ана Ололовска

Животните мудрости на големите и силни жени

Емир Латифовиќ

Најмалку 11 загинати откако автобус удри во постојка во Анкара

Емир Латифовиќ

Почит и незаборав за прилепските бранители!

Емир Латифовиќ