Францускиот актер Жерар Депардје, во петокот, на 4 септември, премина во православната вера и направи крштевка во руската црква Александар Невски во Париз.
Кршевката била во присуство на мал круг луѓе. Како и што е својствено за актерот, тој и дал на церемонијата свој печат.
«Мне нравится православное богослужение»: Жерар Депардье принял православие, крестившись в Александро-Невском соборе Парижа pic.twitter.com/cfUbNjvs5W
— Дмитрий Смирнов (@dimsmirnov175) September 5, 2020
Како што пренесуваат француските медиуми, хорот цело време пеел, а присутните се молеле додека го прскале Депардје со света вода. Крштевката била прославена со прегратки и извици на среќа.
Актёр Жерар Депардье принял православие. Церемония Таинства крещения прошла в соборе Александра Невского в Париже. pic.twitter.com/0xw11KxDeZ
— Опричник (@starborod) September 5, 2020
Депардје своевремено изјави дека и понатаму безусловно ја сака својата земја, но не може да порекне дека во Франција се е лошо и дека луѓето таму се помалку среќни отколку во Русија. Тој велеше и дека е подготвен да умре за Русија.