Кушила Стајн (45) од Нов Зеланд која се изгубила на отворено море северно од грчкиот остров Крит, поминала два дена на мал чамец, а преживеала благодарение на малку слатки и пластични ќеси кои и помогнале да ја регулира температурата на телото.
Таа, наводно, ставила црвена кеса на главата и се обидела да привлече внимание со огледало.
Нејзината мајка изјавила дека Кушила преживеала благодарение на обуката за преживување на море.
Lost at sea. My latest @thetimes #kushilastein #folegandros #Crete #Greece https://t.co/AtakWVqWYD
— Anthee Carassava (@antheecarassava) November 5, 2019
Стајн и помагала на британска јахта да стигне до јужна Турција од Атина, а за време на патувањето решила да ги размрда нозете и со малиот чамец да стигне до островот Фолегандрос.
Кога се враќала на јахтата, едно весло и паднало во морето и силен ветер ја повлекол далеку на отворено море.
Бидејќи не се вратила, сопственикот на јахтата го пријавил нејзиното исчезнување пред грчките власти, а крајбрежните стражари со чамци и хеликоптери се вклучиле во потрагата.
Штајн на чамецот ги испишала името на мајка и детали за контакт, плашејќи се дека нема да преживее, а откако била пронајдена, била пренесена во болница заради дехидрирање и замрзнување.