– Јас секогаш сум иста. Но, секогаш немав еднаков третман, но се изборив. Не дозволив да ме менуваат, истакна Гајдош, која студира уметност.
Таа додава дека откако станала модел се сменила во друга смисла односно дека преку работата научила да се вреднува себе си како особа која може да направи се што сака.
Гајдош по појавувањето во спот на германската група Рамштајн почнува да гради успешна кариера на модел.
– Ме прашувале како јадам без заби. Па, што мислите? Исто како што луѓето кои немаат нозе трчаат маратон. Се е работа на перспектива, посочува Гајдош.