Сите железнички компании од Европската унија мораат на патниците да им исплатат отштета за доцнењата на возовите, па дури и доколку причините за доцнењата биле надвор од контролата на овие компании, одлучи Европскиот суд на правдата во Луксембург.
Судот одлуката ја донел за да не се уважи политиката на австрискиот оператер-ОББ, да не плаќа надомест на штета на патниците доколку доцнењето на возовите било предизвикано од временски услови.
Компензацијата за патниците мора да се исплаќа без разлика на тоа дали самата компанија е виновна за доцнењата или тие се предизвикани од надворешни влијанија, пресуди овој Суд.
Според законите на ЕУ, железниците мораат да исплатат четвртина од вредноста на билетот доколку возот доцни два часа од утврдениот ред на возење и 50 отсто од цената на билетот доколку доцнењето е подолго.
Железничкиот сообраќај е главната форма на превоз во Европа. Само германскиот „Дојче Бан“ годишно превезува две милијарди патници.