На Земјата нема уште многу големи, недопрени шуми, а според најновата студија, објавена во „Напредна наука“, преостанале уште две џиновски прашуми, една во Јужна Америка, друга во Африка.
– Постојат само две недопрени шуми на Земјата, Амазон и Конго и тие сјаат како очи во средиштето на мапата, изјави лидерот на студијата Ник Хадад за „Њујоркер“.
Остатокот од шумските подрачја на нашата планета е фрагментиран, а поделен е од различни причини, од човечки фактор, на пример изградба на патишта, до природни појави.
Новата студија откри дека поделените подрачја во просек губат половина од своите растителни и животински видови во период од две децении.