Едноставни зелени палачинки готови за час …
Потребно е:
150 гр свеж или замрзнат спанаќ
50 гр крем сирење
1 јајце
150 гр брашно
150 мл млеко
1 лажиче прашок за пециво
сол и зачини, по желба (власец, лук, оригано, …)
Подготовка:
– Ако користите свеж спанаќ, исчистете го и кратко сварете го за да омекне. Ако користите смрзнат, оставете го да се одмрзне.
– Исцедете го спанаќот и иситнете го во блендер.
– Во еден сад измешајте ги спанаќот, крем сирењето, јајцето, брашното, млекото, прашокот за пециво и солта.
– Во тава на рингла загрејте малку масло. Со црпалка земајте од смесата и во тавата правете мали палачинки (тоа лесно ќе го направите, затоа што тестото е погусто).
– Печете ги на умерена температура, од секоја страна по 1 минута.