Зелен чоколаден трупец

Од:

Овој ролат едноставно ќе го подготвите, а многу декоративно изгледа на чинија …

Потребно е:
за бисквитното тесто:
5 јајца
100 гр шеќер
1 ванилин шеќер
100 гр брашно
1 лажиче прашок за пециво
100 мл масло
малку готварска зелена боја

за кремот:
3 лажици маскарпоне
3 лажици чоколаден крем (Нутела, Меренда …)
30 гр чоколадо за готвење, растопено
1 кесичка шлаг, изматен со 1 кесичка желатин во прав
3 банани
сок од 1/2 лимон

за глазурата:
малку растопено чоколадо за готвење

Подготовка:
– Во подлабок сад ставете ги јајцата, шеќерот и ванилиниот шеќер и со миксер изматете ги убаво додека не побели смесата. Потоа полека додадете го маслото со постојано матење. Додадете ги и брашното со прашокот за пециво и полека уште еднаш изматете. На крај во смесата сипете малку зелена готварска боја и измешајте за да добиете хомогена смеса.

– Големата тава од рерна прекријте ја со хартија за печење и сипете ја претходно подготвената зелена смеса. Израмнете и ставете да се пече во загреана рерна на 180 целзиусови степени 14-17 минути.

– Печеното бисквитно тесто превртете го на влажна кујнска крпа и замотајте го како ролат. Оставете го да се излади и полека истругајте го горниот слој на бисквитот.

– Додека се лади тестото подгответе го кремот. Изматете ги маскарпонето со чоколадниот крем. Посебно изматете ги шлагот со желатинот и потоа соединете ги двете смеси. Во тоа полека изматете го растопеното чоколадо. Кремот ставете го на кратко во фрижидер да се излади.

– Излупете ги бананите и премачкајте ги со сокот од лимон за да не поцрнат.

– Одмотајте го бисквитното тесто, тргнете го од крпата и премачкајте го со малку подебел слој од кремот на делот каде што ќе ги редите бананите. Другиот дел исто намачкајте го, но со помалку крем, за да не истече. Кога ќе ги наредите бананите замотајте го тестото како ролат и ставете го на долгнавеста чинија. Одозгора премачкајте го со остатокот од кремот.

– Ролат исшарате го со вилушка и потоа со тенки линии од растопено чоколадо.

– Ролатот ставете го фрижидер убаво да се излади пред да го пресечете.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска