Брзи, едноставни и без печење …
Потребно е:
180 гр овесни снегулки
60 гр суво грозје
75 гр печени лешници
20 гр кокос
прстофат сол
110 гр путер од кикирики
85 гр мед
30 гр кокосово масло
за глазурата:
90 гр мед
30 гр кокосово масло
30 гр какао
Подготовка:
– Прво кратко испечете ги лешниците во сад на рингла, околу 5 минути. Оставете ги да се изладат и излупете ги.
– Во сад на рингла растопете ги заедно со постојано мешање кокосовото масло, медот и путерот од кикирики. Оставете да се излади.
– За тоа време во блендер иситнете ги овесните снегулки, сувото грозје, лешниците, кокосот и прстофат сол.
– Во добиената смеса во блендерот сипете ја растопената смеса и уште еднаш измелете за да се поврзат сите состојки.
– Смесата сипете ја во тава (25х15 см) обложена со хартија за печење. Со лажица убаво притиснете ја смесата. Ставете ја тавата во фрижидер.
– За глазурата загрејте го медот и кокосовото масло. Тргнете го садот на страна и додадете го какаото. Убаво измешајте. Со ова премачкајте го колачот и повторно вратете го во фрижидер убаво да се излади.
– Исечете го на коцки и послужете.