Здрав банана леб со боровинки

Од:

Како да ги искористите преостанатите зрели банани …

Потребно е:
3 зрели банани
2 јајца
1/2 чаша (од 250 мл) грчки јогурт
1/3 чаша мед
1 лажиче екстракт од ванила
1 лажиче сода бикарбона
1 1/2 чаша пченично брашно
1 чаша боровинки

Подготовка:
– Со вилушка издробете ги бананите.

– Во садот кај бананите додадете ги јајцата, грчкиот јогурт, медот, ексрактот од ванила и содата и убаво измешајте.

– Додадете го и брашното и повторно убаво измешајте.

– На крај додадете ги и боровинките и полека измешајте.

– Добиената смеса сипете ја во долгнавест калап кој претходно сте го намастиле со путер или масло или пак обложиле со хартија за печење.

– Ставете да се пече во загреана рерна на 180 целзиусови степени околу 50 минути. Проверете со чепкалка за заби дали е печен колачот.

– Оставете да се излади 15-тина минути, исечете го на парчиња и послужете.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска