Завршува снимањето на „Соба со пијано“

Од:

По четири недели интензивно и континуирано снимање денеска ќе биде удрена последната клапа на филмот „Соба со пијано“ што го режира Игор Иванов Изи.

Како што соопшти Скопје Филм Студио, интернационалната филмска екипа на која филмскиот сет изграден на ЕРА – Скопски Саем беше дом во текот на изминатиот месец, функционираше беспрекорно и на највисоко професионално ниво.

– Резултатот од нивната работа е целосна и навремена реализација на зацртаните планови за снимање. Голема заслуга имаат сите актери од Македонија, Србија, Косово, Хрватска, Словенија, Германија, Велика Британија и САД кои, без исклучок, беа бескомпромисно подготвени за соработка и целосно посветени во работата, информира Скопје Филм Студио.

Реализацијата на следните фази од процесот на создавање на „Соба со пијано“ продолжува. Кино проекцијата на филмот се очекува следната година.

Би можело да ве интересира

Македонски филмови во мајската програма на Кинотека со фокус на творештвото на Столе Попов

Предраг Петровиќ

Venom 3 доби официјално име и датум на излегување

Предраг Петровиќ

Се снима краткиот игран филм „И покрај сè“

Филмот „Dune: The Second Part“ заработи над 200 милиони долари за само три дена

Уапсен маж осомничен за неовластена дистрибуција на филмот „Недела“

Бен Афлек го откри најлошиот филм во кариерата