Зависноста од интернет речиси ментално нарушување

Од:

Луѓето кои поминуваат премногу време на интернет наскоро може да се класифицираат како зависници, односно оваа нивна пренагласена „навика“ ќе биде вброена во ментални нарушувања.

Дали да биде оваа зависност заедно со другите е прашање на кое веќе подолго време научниците дебатираат. Некои веруваат дека интернетот е само второстепена состојба на лицата кои се премногу нервозни, па го користат интернетот повеќе од другите за да се ослободат од своите проблеми.

Експертите од Австралија сметаат дека прекумерната употреба и на други уреди покрај комјутерите, може да третира исто како нарушување, т.е. зависност.

„Кај децата, играњето игри на комјутер е проблем, но сепак, на глобално ниво, користењето на технологијата може да стане уште поголем проблем”, изјави Мајк Кириос од австралиската асоцијација на психолози.

Претходните студии покажаа дека тинејџерите кои се зависни од интернет имаат структурни промени во мозокот, појава на мали количини на сивата материја во споредба со лица кои не се „зависни“ и кај кои оваа материја не се појавува во иста мера.

Би можело да ве интересира

Исхрана и плодни денови – како одредена храна може да ги зголеми или намали шансите за зачнување

Катерина Ѓуровски

Во ЕУ годишно умираат 10.000 луѓе бидејќи не вежбаат доволно

Ана Ололовска

М-р по фармација Славица Тодоровска од „Хемофарм“ советува: Запекот мора да се лекува

Ана Ололовска

Природата во градот ја намалува осаменоста

Ана Ололовска

Кафето, алкохолот и месото се штетни за бубрезите

Ана Ололовска

Откриен досега непознат дел од човековата вилица

Ана Ололовска