Заспал во Норвешка, се разбудил во Шведска

Од:

Норвежанец од Осло испил некоја чашка повеќе, па одлучил да не вози, туку да отспие на задното седиште од својот автомобил. Но, се разбудил на улица во Гетеборг во Шведска.

Додека безгрижно спиел и се трезнел, двајца разбојници влегле во неговиот автомобил, го украле и го одвезле во соседна Шведска. По неколку часа возење 50-годишникот се разбудил на бетонски под пред железничката станица во Гетеборг, целосно изненаден.

Не знаел што друго да направи, па повикал полиција, пријавил кражба на возилото и побарал нивна помош. Полицијата набрзо ги уапсила крадците, а клучевите од колата му ги вратила назад на сопственикот.

Би можело да ве интересира

Уште двајца повредени во пожарот во Кочани се транспортирани во болница во Шведска

Наставник ги казни учениците, им залепи лента на устите

А1он

(ВИДЕО) Шведска на Евровизија ја претставуваат Финците кои пеат за сауни

Поранешната хрватска манекенка откако доби сурови коментари за својот изглед: Ме изненадија

Предраг Петровиќ

Повеќето од жртвите на масакрот во Шведска се имигранти, сè сугерира дека нападот не е случајност

Државјанка на БиХ e убиена во масовно пукање во Шведска, нејзин сонародник е тешко ранет

Горан Наумовски