Zara, Mango и H&M ја напуштаат Турција

Од:

Модните индустрии Zara, Mango и H&M би можеле да го преместат производството на облека од Турција во други земји, пишува руски Комерсант. 

Компаниите веќе побарале отстранување на ознаките „Произведено во Турција“, од облеката која се шие во земјата, веројатно поради можните потешкотии во продажбата на рускиот пазар.

Комерсант наведува дека Русија следната недела би можела да ги прошири санкциите против Турција, пренесува Б92.

„Очекуваме усвојување на резолуцијата следната недела, иако на основа на политички консултации, одлуката може да биде одложена“, изјавил извор од руското министерство за економија, кој не ја исклучил можноста од тоа новите санкции да стапат на сила до Нова година.

Драматичните компликации во односите меѓу Турција и Русија настапија откако турски авион на 24-ти ноември собори руски бомбардер кој учествуваше во операцијата на Москва против Исламска држава, пришто загина еден руски пилот.

После овие случувања, рускиот претседател Владимир Путин потпиша уредба со која се забранува увоз на бројни турски производи.

Би можело да ве интересира

Драматично издание на Мадона на ревијата во Милано: Пристигна со круна на главата

Предраг Петровиќ

Стоп на новата мода, некој треба да се уапси, доаѓаат најгрдите чизми

Предраг Петровиќ

Јапонија низ креации на македонски дизајнери – Алшар, Ивановски, Маригуча и Технолошкиот факултет со свои креации на Нихон-Џи 2.0

Ана Ололовска

Познатата манекенка се сликаше гола за Велигден: поради скандалозната фотографија ги исклучи коментарите, не можеше да ги поднесе навредите

Ана Ололовска

Поранешна манекенка колабираше на работа и почина – имаше само 25 години

Горан Наумовски

Најпознатите македонски модели блеснаа во комбинации од Fashion Group

Горан Наумовски