Запознај ја својата љубов во метро, нова акција за осамените срца во Прага

Од:

Запознајте ја својата љубов во метро, така накратко може да се опише новата акција на прашката транспортна компанија која стопанисува со подземната железница во чешката метропола.

Идејата се состои во тоа што, последните вагони од метрото ќе бидат наменети за „сингл“ лица, кои се уште немале можност да го сретнат својот животен партнер, јави дописникот на МИА од Прага.

– Сакаме на јавноста да и ги покажеме позитивностите за патување со нашите транспортни средства кои најчесто не ги забележуваме. Рекламните плакати на луѓето ќе им покажат дека некои работи можеме да ги направиме за време на тие десетина минути додека се возиме во трамвај или метро, вели директорот на Јавното сообраќајно претпријатие Милан Кристек.

На плакатите ќе има стихови и делови од романи на чешки писатели како и музика од познати домашни групи. Се планира идејата подоцна да се развие и да бидат организирани акции, како на пример избор за најдобро љубовно писмо или наградна игра во која ќе биде избрана најинтересната љубовна приказна.

Би можело да ве интересира

Ден на жалост во Чешка

Убиецот од Прага е одговорен за уште две убиства, вели Вондрашек

Горан Наумовски

Вондрашек: Убиецот бил инспириран од терористички напад во Русија кој се случи оваа година

Убиецот од Прага на Телеграм го најавил масакрот

Масакр во Прага: Бројот на убиени се искачи на 17, најмалку 24 се ранети

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Студентите на Универзитетот во Прага се обидоа да се сокријат од напаѓачот на покривот на зградата

Горан Наумовски