Започнува програмата во новогодишната населба „Винтерленд“ на плоштадот Македонија

Од:

Од денеска па до 31 декември, започнува програмата на Град Скопје во населбата „Винтерленд“ на плоштадот Македонија.

„Дојдете и бидете дел од новогодишната населба „Винтерленд“, што ја сочинуваат украсени куќички каде што има катчиња за детски игри, како и разновидни содржини од новогодишен карактер за посетителите од сите возраста. Ќе има и топ за вештачки снег, со што ќе се дополни зимската слика, а за вљубениците во зимските спортови во населбата е поставено и лизгалиште на мраз“ повикуваат од Град Скопје.

Активностите во „Винтерленд“ ќе почнат денеска во 12 часот со детската програма „Волкот низ приказните“, улични забавувачи и дружење со Walt Disney маскоти.

Програмскиот дел во текот на неделата почнува од 17 или од 18 часот, а во текот на викендите од 11 или од 12 часот, а трае до 22 часот, а во некој денови и до полноќ.

Во културно-забавната програма ќе учествуваат: Театарот за деца и младинци, Златно славејче, улични забавувачи, Walt Disney маскоти, балетската и фолклорна секција од ДКЦ, хоровите од средните училишта на Град Скопје „Никола Карев“, „Раде Јовчевски-Корчагин“,„Васил Антевски-Дрен“,„Панче Арсовски“, СУГС „Д-р Панче Караѓозов“, СУГС „Јосип Броз-Тито“ и „Орце Николов“, како и ди-џеј Flooder, ди-џеј Милан Серафимов, Plan G, RNC Band, In the mood, Day OFF, Марко и Црни, DNK, Мина Блажев, ди-џеј Тина, Goce SAF, Лозано, Lady Blue, Peppermint, South Park, Салса бенд, Breakdown, Kepurdhat, Ѓоко Танески, Дарио, Џоле Максимовски, Tafa&Theband и Тони Зен.

Новогодишната програма и „Винтерленд“ се поддржани од Делегацијата на Европската Унија која го обезбедува лизгалиштето што е поставено на плоштадот Македонија како дел од новогодишната населба. Исто така, настапите на средните училишта од Град Скопје, како дел од забавната програма, се поддржани од Делегацијата на Европската Унија.

Годинава Дедомразовската трка ќе се одржи на 23 декември со почеток од 12 часот.

Градот Скопје ги поканува граѓаните да дојдат во населбата „Винтерленд“ и сите масовно да учествуваат во предновогодишната забава на која одличен додаток ќе бидат греаното вино, пивото, топлите пијалаци и топлата храна.

Би можело да ве интересира

Кузеска: За хаосот во Скопје најголема вина имаат Мицкоски и ДПМНЕ

Протест поради проблемите со автобускиот превоз во Скопје

(ВИДЕО) Јовановска: На народот му врие, преку глава му е од овие политички препукувања

Советот на Град Скопје побара да продолжат разговорите со Владата за нормализирање на состојбите во градот

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Јанчева: Добро е што Владата прифати една мерка на СДСМ, Советот на Скопје да ги поддржи сите три

Вонредна седница на Советот на Град Скопје: Од утре Скопје ќе има автобуски превоз