Француското бродоградилиште СТХ Франс, започна денес во Сант Назер со изградбата на најголемиот брод за крстарења во светот, од класата на „Оазис“ за американскиот Ројал Карибиеан Крусес, јавува дописникот на МИА од Париз.
Изградбата почна со симболично пресекување на првата плоча метал што ќе биде вградена во коритото на бродот. За бородот кој ќе биде долг 360 метри и широк 60 метри ќе бидат потрошени околу 60 000 тони челик, со рекордна вредност проценета на една милијарда евра.
Истиот беше нарачан на 27 декември 2012 година во моментот кога француското бродоградилиште помина две години без ниту една нарачка. Во бродот ќе бидат вградени вкупно 400 000 делови од четални плочи. Кога бродот ќе биде готов, тој со себе ќе може да понесе 8000 патници и членови на екипажот.