Запечено пире од компири со шампињони

Од:

Козјото сирење идеално одговара со пирето од компири и печурките …

Потребно е:
1 кг компири
маслиново масло
сол, мелен црн бибер
150 гр маринирани шампињони
свеж магдонос
1 младо лукче
100 гр тврдо козјо сирење
200 гр кисело млеко
4 јајца
мелен сув зачин

Подготовка:
– Компирите исчистете ги, исецкајте ги на коцки и ставете ги во посолена вода да се варат. Варените компири исцедете ги од водата, испасирајте ги и додадете им сол и бибер, по вкус.

– Садот за печење намастете го и ставете го пирето од компири во него.

– Над пирето распоредете ги сецканите маринирани шампињони, сецканиот свеж магдонос и сецканото младо лукче.

– Посебно изматете ги јајцата со киселото млеко и додадете го издробеното козјо сирење. Убаво измешајте.

– Оваа смеса сипете ја над шампињоните и по вкус зачинете со мелен сув зачин. Одозгора наредете на листови исечен путер.

– Ставете да се пече во загреана рерна на 200 целзиусови степени околу 30 минути.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска