Се подготвуваат брзо и се со одличен вкус …
Потребно е:
8 тортиљи
500 гр мелено јунешко месо
1 црвена пиперка
1 жолта пиперка
1 главица кромид
1 чешне лук
1 мала конзерва црн грав
200 гр чедар кашкавал
1 кесичка мешавина од зачини за тако
малку сол
малку масло
чили пиперче, по желба
Подготовка:
– Во тава на малку масло кратко пропржете го месото. Додадете ја мешавината на зачини за тако растворена во 170 мл вода и кратко динстајте додека да омекне месото. На крај додадете го исцедениот грав од конзерва и ситно исецканото чили пиперче и убаво измешајте.
– Во друга тава пропржете го сецканиот кромид и ситно сецканите пиперки. Додадете малку протиснат лук и кратко пржете додека малку да омекне зеленчукот.
– На секоја тортиља ставете по малку од изренданиот чедар кашкавал, потоа по 1 лажица од филот со месо и на крај една лажица од динстаниот зеленчук.
– Тортиљите превиткајте ги од сите четири страни како на сликата.
– Наредете ги во тава за печење и одозгора на секоја ториља ставете по малку од изренданиот кашкавал
– Ставете ги да се печат во загреана рерна на 180 целзиусови степени околу 25 минути, додека да се растопи кашкавалот.
– Служете ги топли со салата по избор.
Забелешка: Ако немате готов зачин за тако можете да ставите зачини по желба.