За сите љубители на паста …
Потребно е:
250 гр тестенини, по желба
4 јајца
250 гр кашкавал, по желба
маслиново масло
сол, бибер
400 гр туна од конзерва
150 гр домати пелати
сецкан свеж власец
сецкан свеж магдонос
Подготовка:
– Сварете ги тестенините според упатството на пакувањето.
– Изматете ги јајцата и додадете ги солта, биберот, туната, магдоносот, сецканите домати и власецот.
– Горната смеса измешајте ја со тестенините.
– Целата смеса ставете ја во огноотпорен сад и одозгора посипете со доста рендан кашкавал.
– Ставете да се пече во загреана рерна на 200 целзиусови степени околу 25 минути.