Запечени тестенини со шунка и кашкавал

Од:

Потребно е:
200 гр макарони
30 гр брашно
1 главица кромид, ситно секан
1/2 лажиче сенф
сол, бибер
600 мл млеко
400 гр варена брокула, ситно сецкана
250 гр шунка
100 гр рендан кашкавал (гауда, ајдамер или сл.)
2 лажици путер
50 гр лебни трошки

Потребно е:
– Сварете ги тестенините според упатството на пакувањето. Исцедете ја и префрлете ја во намастена огноотпорна тава.

– Во еден сад измешајте ги брашното, кромидот, сенфот и сол и бибер. Садот ставете го на рингла и полека додавајте млеко со постојано мешање. Варете го на средна температура 10-15 минути, односно додека не се згусне. Вака подготвениот сос прелијте го преку тестенините.

– Во тестенините додадете ги и сецканата брокула, сецканата шунка и изренданиот кашкавал.

– Во помало тенџерче на рингла растопете го путерот и тргнете го на страна. Додадете ги лебните трошки, убаво измешајте и прелијте преку тестенините.

– Ставете да се пече во претходно загреана рерна на 170 целзиусови степени околу 40 минути.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска