Брзо и вкусно …
Потребно е:
1 пакување макарони
500 гр мелено месо
400 гр шампињони
1 главица кромид
сол, бибер
мелен сув зачин
малку масло
1 тегла доматен сос за шпагети
200 гр рендано моцарела сирење
Подготовка:
– Сварете ги тестенините во солена вода според упатството на пакувањето. Исцедете ги и прелијте ги со ладна вода за да не се лепат.
– Додека се варат тестенините подгответе го сосот. Кромидот ситно исецкајте го и пропржете го на малку масло.
– Додадете го меленото месо и кратко пропржете го.
– Потоа додадете ги шампињоните исецкани ги на листови и динстајте ги додека да омекнат и додека не испари течноста што ќе ја пуштат.
– Сега додадете го сосот од домати, измешајте и оставете се заедно да се динста 4-5 минути.
– Готовиот сос додадете го кај шпагетите и убаво измешајте. Сипете ги во огноотпорен сад премачкан со путер.
– Одозгора распоредете го изренданото моцарела сирење и ставете да се пече во загреана рерна на 200 целзиусови степени додека да се растопи сирењето и не добие убава боја.