Интересна комбинација на состојки: компири, блитва, кашкавал и колбаси. Лесно се подготвува, а вкусот е неодолив.
Потребно е:
1,5 кг компири
300 мл млеко
200 мл павлака за готвење
1 лажица путер
2 чешниња лук, ситно сецкани
500 гр блитва, измиена и исецкана на ленти
4 колбаси
2 лажици пармезан
100 гр кашкавал, изрендан
1 лажица маслиново масло
малку свеж рузмарин, ситно сецкан
сол, бибер
Подготовка:
– Компирите излупете ги и исечете ги на тенки тркалца.
– Во пошироко плитко тенџере растопете го путерот, додадете ги компирите и лукот, посолете, сипете ги млекото и павлаката за готвење и варете со повремено мешање додека компирот не биде полуварен.
– Во подлабока тава на малку масло испржете ги колбасите. Кога ќе бидат полупечени додадете ја сецканата блитва. Динстајте на тивко додека блитвата не омекне.
– Тавата за печење намачкајте ја со малку путер, распоредете ја половина количината од компирите, па ставете ги колбасите и блитвата. Сега посипете со рендан кашкавал, рузмарин и половина од пармезанот. На крај досипете ги преостанатите компири заедно со млекото и павлаката во кои ги варевте компирите.
– Посипете со остатокот од пармезанот и ставете да се пече во загреана рерна на 180 целзиусови степени половина час, односно додека не добие златно-кафена боја.