Запечени јаболки со смокви

Од:

Подгответе го овој вкусен, енергетки богат и здрав рецепт …

Потребно е:
500 гр јаболки
300 гр суви смокви
50 гр бадеми
50 гр ореви
2 лажици мед
1 кесичка ванилин шеќер
2 лажичиња цимет
100 мл сок од некое темно овошје (аронија, боровници, капини, …)

Подготовка:
– Јаболките излупете ги и исечете ги на тенки кришки.

– Смоквите исчистете ги од дршките и исечете ги на поголеми парчиња.

– Во огноотпорна тава наредете половина од јаболките, над јаболките распоредете половина од смоквите, оревите и бадемите.

– Прелијте со 1 лажица мед и посипете со 1/2 кесичка ванилин шеќер и 1 лажиче цимет.

– Повторете ја истата постапка со преостанатите состојки и на крај прелијте со сокот.

– Ставете да се пече на умерена температура од 200 до 220 целзиусови степени додека не се запече горниот слој.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска