За сите љубители на риба, на денешната трпеза сервирајте го ова вкусно јадење …
Потребно е:
4 филети од сом
2 главици кромид
400 гр шампињони
2 лажици маслиново масло
1 лажиче морска сол
200 мл бело вино
1 лажиче лук во прав
Подготовка:
– Кромидот исчистете го и исецкајте го на полумесечинки.
– Печурките убаво измијте ги и исецкајте ги на листови.
– Во огноотпорна тава на дното сипете го маслото и распоредете го сецканиот кромид.
– Над лукот ставете ги филетите сом и посипете со зачините.
– На крај наредете ги сецканите шампињони и посипете со виното и малку вода.
– Садот покријте го со алуминиумска фолија и ставете да се пече во рерна на 200 целзиусови степени.
– Пред крај на печењето тргнете ја фолијата и оставете малку да се запече.