Заменик на рускиот премиер: Мадона е курва која зборува за морал

Од:

Заменикот на рускиор премиер Дмитриј Рогозин, еден од најблиските соработници на Владимир Путин во пораката на Твитер рече дека Мадона е „курва која држи лекции од морал“, затоа што поп иконата бараше ослободување на членките на бендот „Пуси Рајот“ .

Освен тоа, Мадона го налутила Рогозин и поради тоа што на концертот во Санкт Петерсбург ги поддржа правата на геј заедницата, а на грбот го имаше испишано името на проблематичната група иако во овој град е забранета промоцијата на хомосексуалноста.

Нејзиното мешање во риската политика Рогозин го казни до пораката „Или извади го крстот, или облечи гаќи“.

„Со текот на годините, секоја К…се обидува да држи лекции од моралот“, напиша Рогозин. Иако не го напиша целиот збор, јасно е дека мисли на „курва“.
Имаше повици Мадона да се однесе на обвинителната клупа доколку продолжи со „хомосексуалната пропаганда“ и парично да биде казнета поради кршење на законот.

Во Русија неодамна се воведени казни за сите кои ја промовираат хомосексуалноста и изедначената е со педофилијата.

Русија ја легализираше хомосексуалноста во 1993. година но во 1999. година оваа појава е класифицирана како ментално пореметување.

Би можело да ве интересира

Мадона го остави 37 години помладото момче: „Кога патувањата престанаа и возбудата престана“

Мадона за својот родеден ќе финансира уметнички проект за млади од 250.000 долари

A1on

Мадона „фатена“ со 37 години помлад дечко: Уживаат во Италија

Мадона доцнела на концерт, фанови ја тужат дека им го трошела времето

А1он

(ВИДЕО) Цензурираната реклама на Мадона за Пепси конечно објавена по 34 години

Катерина Ѓуровски

Кралица на попот го слави својот 65-ти роденден