Загрепската книжарница со навреди кон Северина

Од:

Пред само неколку дена Врховниот суд на Хрватска донесе одлука на Северина Вучковиќ да и го одземе старателството на синот Александар. Таткото на Александар, српскиот бизнисмен Милан Поповиќ стана единствен старател, а оваа пресуда ја крена на нозе јавноста од целиот регион.

Северина ја поддржуваат многу луѓе, особено нејзините колеги кои тоа го прават на социјалните мрежи.

Сепак, сопствениците на една книжарница во Загреб, која се вика „Букара“, објавија текст на Фејсбук во кој се коментираше негативно за Северина, наведувајќи дека „хрватските писатели проговориле“ за нејзиниот случај, а имаа и неколку зборови во нивно име, во исто толку негативен контекст, на нејзина сметка.

„Прва јавна проблематика во која се вклучија хрватските писатели. Остануваме воздржани бидејќи госпоѓата кога Аца беше мал секоја недела ја правеше косата до нас и не само што никогаш не купила сликовница, туку не ни погледна во излогот за детски книги додека се фотографираше пред него. А ние сме злопамтила и знаеме колку чита новата сопруга на татко му, па мислиме дека ако ја видел книгата е додејена од нејзината рака. Писателите не се огласија за земјотресот. Не се огласија кога граѓаните собираат пари за децата заболени од рак. Писателите не проговорија за корупцијата. Писателите не зборуваа за непотизмот и мафијата во издаваштвото. Еден писател кој всушност е новинар проговори за трговијата со бело робје. Писателите не зборуваа ниту за лектири, ниту за учебници и поврзаните мафии и картели. Писателите никогаш ништо не објавија за ништо. Еве до денеска“, пише во објавата, која предизвика низа негативни реакции.

Би можело да ве интересира

Северина Вучковиќ и Милан Поповиќ повторно го делат старателството над синот

Северина му одговори на хрватскиот претседател: Благодарам за грижата, ама моето дете не е уште полудено

Предраг Петровиќ

Северина ја загуби правната битка за старателството над синот Александар

ВИДЕО: Северина се расплака на сред концерт по средбата со жена во Макарска

Државното правобранителство одлучи: Северина не ја нападна Маријана Вучковиќ Поповиќ

ВИДЕО: Северина се сопна и заврши на задник на сцената среде настап

Катерина Ѓуровски