За што Американците им завидуваат на Европјаните

Од:

Жителите на Стариот континент редовно сакаат за себе да кажуваат убави работи, како на пример дека се попрефинети, покултурни, пообразовани и уште во многу други подрачја подобри од Амриканците – и тоа не е никаква новост. Но, кога таквите заклучоци се серивираат од американска перспектива тогаш интересно е да се види поради кои причини тоа и тие го мислат.

1. Здравство

Сосема е логично дека ова е првата ставка иако се работи за моментално жешко прашање во САД. – „И додека американскиот конгрес се бори со Обамакер, во Европа постојат низа примери за многу подобро решено здравство. САД би можеле многу повеќе да научат од Шпанија, Италија, Швајцарија, Шведска, пишува „Хафингтон Пост“.

2. Сирења

sirenja-cinija

– Европа произведува чуда како што се гриер, пармезан, фета. За тоа време ние имаме жолта недефинирана маса која ги претставува Американците.

3. Јавен превоз

Додека во Европа постојат брзи метроа и јавни автобуси, во САД ќе се забавувате „чекајќи три часа на јавен превоз“ во кој било од големите градови.

4. Долговечност

– Просечниот животен век во Швајцарија и Сан Марино е 83 години. Четири европски држави се изедначени со 82 на второ место. А дури, 24 европски земји се сместени на листата пред САД, кои се дури на 33 место.

5. Фудбал

Uefa-Champions-League

– Европските нации освоиле 10 до 19 Светски првенства, предводени од Италија, Германија и Шпанија. И не морате да чекате четири години на фудбалска магија – финалето на Лига на шампиони во 2012 година привлече 150 милиони гледачи, Супер Бол 2013 година „само“ 106 милиони. Американците не се квалификуваа за Светското првенство 40 години после 1950 година. Најдобро се пласирале првата година – биле трети во 1930 година.

6. Одмор

– На врвот на земјите во светот во кое е најдобро да се живее кога одморите се во прашање, првите седум се од Европа. Австријците имаат 35 платени неработни денови во годината. И никој не ги критикува дека се мрзеливи. Истовремено, САД се единствена развиена држава во која платениот одмор и празниците не се пропишани со закон.

7. Чоколадо

– Белгија и чоколадо практично се синоними. M&M се во ред, но не се ни до колена на деликатесите од Брисел.

belgisko-cokolado

8. Политички секс скандали

– Бунга бунга журките можат да го доведат политичарот во проблеми. Но во поголем број случаи нивните вонбрачни афери не им значат многу за гласачите. Само видите ја чудната сага на францускиот претседател и неговата партнерка Валери Триервејлер. Поранешната сопруга на претседателот Франсоа Оланд, Сеголен Ројал, можеше да биде претседателка во 2007 година, но изгуби од Саркози. А потоа го изгуби Оланд поради Триервејлер. А да не споменуваме дека Саркози се разведе и повторно се венча додека беше претседател. Од друга страна имате Американци како Марк Сенфорд кои во јавноста плачеше поради својата неверност, правејќи ја приказната уште понеинтересна

9. Мерки

– Европјаните употребуваат метрички систем. Ако знаете да множите со десет, знаете и која е следната поголема единица. Бум. Готово. Од друга страна: три кафени лажички во една супена, 16 супени во филџан, два филџани во пинта, две пинти во четвртини и четири четвртини во галон.

Во стапка е 12 инчи, три стапки се јард и 1760 јарди милја (или 5280 стапка)…

metric_conversion_table

10. Голотија и медиуими

– Освен голотијата во кралското семејство, во Европа тоа едноставно не е голема работа. А во Америка секој над 15 години знае како „Nipolegate“ (момент каде светот ги виде градите на Џенет Џексон кои е Џастин Тимберлејк ги откри на Супер болот), отвори врата на новата ера на американскиот пуритазам.

11. Економични автомобили

Во Европа никој не смее да ви се смее доколу возите автомобил кој е само малку поголем од када, затоа што и тие сами најверојатно возат сличен автомобил.

Од друга страна, ние во Америка сметаме дека нашето млеко од продавниците мора да биде транспортирано во тенкови до дома.

12. Автомобилски натпревар

Европјаните имаат можност да гледаат Формула 1 и сите оние болиди како при неверојатна брзина влегуваат во кривини и шикани, додека во Амрика гледаме NASCAR каде возачите само одат во круг.

13. Замоци

zamok-skotska

Древните остатоци од разните кралства, многу од замоците во Европа се направени пред Колумбо да ја отркие Америка. Цела Европа е прошарана со овие неверојатни зданија од друго време.

Во Америка единствен замок кој ни е познат е оној на Пепелашка и потребно е да платите билет за светот на Дизни од 92 долари за да го видите.

14. Уживање

Подолг ручек во бар во Париз, сиеста на сонце во Шпанија или лесно пиење на вино на тереса во Италија – многу тешко е да се каже дека во Европа работите се прават на погрешен начин.

Од друга страна, Американците секогаш се во брзање. Доколку не одговорите на мејл во рок од десет минути, клиентите веќе размислуваат за поднесување извештај за исчезната личност.

Би можело да ве интересира

Ќе бидам со по еден маж од секоја држава-необична цел на 27 годишна девојка

Предраг Петровиќ

Листа на најевтини и најскапи патувања за 2023 година: Сместување само 17 евра

Предраг Петровиќ

Хрватски остров меѓу 10-те најубави во Европа ФОТО

Предраг Петровиќ

Туркменистан, најверојатно, ја затвора „Портата на пеколот“

Ана Ололовска

Истражување: Турција има најевтини кинобилети

Ана Ололовска

Палата со уникатно, скапоцено зелено опкружување во Кина

Ана Ололовска