За пијаното од „Казабланка“ дадени 3,41 милиони долари

Од:

Пијаното од филмот „Казабланка“ е продадено на аукција во Њујорк за 3,41 милиони долари, при брзо наддавање во преполна сала.

Портокаловото пијано со маркокански мотиви, беше главен експонат понуден во аукциската куќа „Бонамс“, меѓу 200 предмети од златното време на Холивуд, вклучувајќи и 30 експонати поврзани со „Казабланка“.

На продажба биле и фустани на Грејс Кели, Мерлин Монро, Џуди Гарланд и Рита Хејворт, елек од костумот на Клерк Гејбл од филмот „Однесено со виорот“, како костимот лавот од „Волшебникот од Оз“, снимен во 1939 година, кој инаку е од вистинско крзно и кој бил продаден за само две минути за 3,07 милиони долари.

На аукцијата, исто така, биле понудени и десетина постери, фотографии и сценарија во ракопис.

Пијаното од „Казабланка“ немаше почетна цена, но продажбата почна од 1,6 милони долари и за само три минути ја достигана цената од 3,41 милиони долари.

Би можело да ве интересира

Марк Нопфлер ја продава својата колекција гитари

Дрес на Марадона на аукција – почетна цена 4.000.000 фунти

А1он

Фотографија од Мен Реј на аукција по почетна цена од рекордни пет милиони долари

А1он

Најголемиот црн дијамант продаден за 3,8 милиони евра

Ана Ололовска

Првата СМС порака е продадена за 107.000 евра

А1он

Научен запис на Алберт Ајнштајн продаден за над 11 милиони евра

Ана Ололовска