За овие леќи се плаќа неверојатни 18.000 долари

Од:

Нема ништо чудно жените да се украсуваат со злато заради гламурозен изглед, а индискиот лекар, Чандрашекар Чаван отиде чекор понатаму. За да се создаде ефект на необичен блескав изглед, направи контакни леќи украсени со нано честички злато.

Жените кои сакат да имат очи со златен сјај, за тоа задоволство мораат да издвојат меѓу 15.000 и 18.000 долари, јави „Дејли Мејл“.

Честичките од 24-каратно злато се нанесуваат во форма на специјални пасти, а да се избегне директен контакт со очите меѓу златните честички и окото се наоѓа уште еден слој. Неколку жени кои купиле „златни леќи“ го прикажаа нивниот прекрасен блескав поглед во ординацијата на др. Чавана, во Центарот за окулопластика „Шекхар“.

Контактините леќи се тешки пет грама, но засега не е познато дали златните честички влијаат на видот. Чаван пак, покрај „златните“, направи и „дијамантски“ леќи.

Реакциите се поделени, некои изгледаат застрашувачки, но на поголем број им се допаѓаат, рече доктор Чаван за „USA ttoday“.

Некои американски експерти изразија загриженост дека леќите кои Чаван планира да ги продава и надвор од Индија, не се безбедни. Тие сметаат дека гломазниот слој кој го штити окото од директен контакт со златните честички  не е совршен и дека допрво треба да ги одобри американската Агенција за храна и лекови.

Би можело да ве интересира

Драматично издание на Мадона на ревијата во Милано: Пристигна со круна на главата

Предраг Петровиќ

Стоп на новата мода, некој треба да се уапси, доаѓаат најгрдите чизми

Предраг Петровиќ

Јапонија низ креации на македонски дизајнери – Алшар, Ивановски, Маригуча и Технолошкиот факултет со свои креации на Нихон-Џи 2.0

Ана Ололовска

Познатата манекенка се сликаше гола за Велигден: поради скандалозната фотографија ги исклучи коментарите, не можеше да ги поднесе навредите

Ана Ололовска

Поранешна манекенка колабираше на работа и почина – имаше само 25 години

Горан Наумовски

Најпознатите македонски модели блеснаа во комбинации од Fashion Group

Горан Наумовски